Производи


ДИГИТАЛНО ПЕЧАТЕЊЕ

Нашата компанија е специјализирана за печатење со солвентни, латекс и водени бои, како и на UV принтери

КАТИРАЊЕ

Располагаме со најсовремена технологија и вршиме брзо, прецизно и квалитетно сечење по контури

СВЕТЛЕЧКИ РЕКЛАМИ

Изработка и монтажа на 2D и 3D светлечки реклами со најсовремени материјали и типови на осветлување

ДИЗАЈН

Нашите дизајнери ќе ви понудат креативни и оригинални графички решенија кои ќе бидат соодветен репрезент на вашиот бизнис

ПОДГОТОВКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Со цел да се постигне најдобриот квалитет, нашиот стручен тим ќе се погрижи вашите фајлови за печатење да бидат подготвени на професионален начин

МОНТАЖА

Вршиме професионална монтажа на сите видови светлечки реклами и знаци, тотеми, наменски конструкции за рекламен материјал, печатени платна во сите големини и друго

БРЕНДИРАЊЕ

Трајно и квалитетно брендирање на површини по избор на клиентот

ИНФО ДИСПЛЕИ

Image Plus е официјален претставник на реномираната компанија за производство на сите видови инфо дисплеи - Display Academy.
Погледнете го комплетниот каталог со производи на Display Academy.

Клиенти

За нас


Во 1997 година прв пат го притиснавме копчето print и станавме едeн од пионерите во дигитално печатење во Македонија. Од тогаш печатарите на Image plus не престанаа да работат, а не престана да расте и нашата желба за усовршување.

Така, малиот амбициозен тим од почетоците, прерасна во сериозна компанија со над 20 вработени, која постојано инвестира во новите технологии и знаењето на тимот.

Денес Image plus е синоним за професионалност и ефикасност. Клиентите нè препознаваат како бизнис партнер од кој во секое време можат да очекуваат прецизност, квалитет, перфектна изведба и почитување на рокови.

Корисни информации


Подготовка за
печатење

Праќајте ни фајлови во PDF (high print quality), TIFF, JPG (без компресија) и EPS.
Користете CMYK палета за колор печат и GRAYSCALE за црно-бел печат.

За печатење на големи формати (мегабилборди, мегаборди и бекдропс) димензиите на фајлот треба да бидат во размер 1:5 или 1:10 со резолуции не помали од 300px/inch.

За печатење на мали формати димензиите на фајлот треба да бидат во размер 1:1, со резолуции не помали од 300px/inch.

Имиџите кои што ги праќате за печатење треба да имаат обрез од 3 до 5 милиметри.

Најголема ширина на формат во едно парче која можеме да ја отпечатиме е 3,2 метри. 
Пошироките формати од 3,2 метри се изработуваат со лепење или шиење, во зависност од видот на материјал.

Подготовка за
катирање

Фајловите за катирање праќајте ни ги во векторски формат EPS, AI или CDR.  

Векторските објекти за катирање секогаш треба да бидат во размер 1:1 и конвертирани во криви.

Подготовка за печатење и катирање

Фајлот за катирање и печатење мора да биде во векторски формат (пожелно Ai). Треба да се внимава самиот вектор да не содржи дупли линии затоа што така може да дојде до оштетување на фолијата.

Сликите (TIFF, PSD, JPG без компресија) и линиите (патеките по кои катерот сече) мора да се во еден документ во сооднос 1:1, и тоа во два леери. Сликите секогаш да се со 3 до 5мм обрез.

Контакт



tel.+389 2 2461 992; +389 2 3231 353
Jadranska Magistrala 39
Industriska zona Vizbegovo
Skopje, Makedonija